Вејин: Против европските великани секогаш играме квалитетно

Ракометарот кој во 2017 година играше во Металург, а денеска го постигна голот за победа на Нексе, Предраг Вејин имаше пофални зборови за Вардар и подели многу епитети.

Сепак, вардарци нема да го паметат по добро денеска бидејќи со неговиот гол тимот на Нексе дојде до победа од 25:24.

„Сезонава докажавме дека против Европските великани играме квалитетно. Во Лигата на Европа покажавме дека можеме против секого и се квалификувавме во групната фаза. Сега и против Вардар го покажавме истото. Мене ми е голема чест да играме против Вардар. Станува збор за најуспешниот клуб на Балканот во последните неколку години. Ние верувавме во нашиот успех денеска. Горд сум на себе, на колегите и на стручниот штаб. Задоволни сме што на крајот славевме на овој дуел“, коментираше Вејин на пресот против Вардар.

Со оваа победа тимот на Нексе се здоби со предност во однос на Вардар бидејќи овие бодови денеска може да бидат од големо значење при одредувањето на пласманот на крајот од групната фаза.