Веспрем ја доби битката со ПИК Сегед, ќе се бори за трофеј во Купот на Унгарија

Веспрем и ПИК Сегед одиграа уште еден дерби натпревар овој пат во полуфиналето на завршниот турнир во Купот на Унгарија. После голема борба и неизвесност во финишот Веспрем победи со 30:27 и избори пласман во финалето и борба за трофејот.

Натпрварот започна максимално израмнето, се играше гол за гол во почетните десетина миунти. Првпат ПИК Сегед поведе со три гола во 13. минута со 8:5, но тоа траеше само неколку минути, Ненадиќ постигна два гола и Нилсен еден за ново израмнување.

До крајот на првото полувреме ПИК Сегед имаше постојано водство и на паузата замина со два предност 17:15. Заостанувањето на Веспрем можеше да биде уште поголемо но Радивојевиќ и Фримел не реализираа два седмерци за ПИК Сегед.

Веспрем имаше перфектни пет минути на почетокот на вториот дел и со серија од 5:1 го презема водството. После одиграни 45 минути Веспрем имаше највисоки четири предност кога бееше 20:24. Сепак ПИК Сегед не се предаде и полека ја топеше негативата за во последните пет минути да влезе со само гол негатива.

На нешто повеќе од минута до крајот ПИК Сегед остана со играч помалку откако Роста беше исклучен. Тоа го искористи Омар Јахија кој постигна гол за 29:27 што беше доволно за победа. Во следниот напад после шутот, Бомбач доби удар од Сипос кој исто така заработи црвен картон. И покрај тоа топката беше за Веспрем, ракометарите на ПИК Сегед се обидоа со пресинг да сторат нешто но беше неуспешно.

Најефикасен во тимот на Веспрем беше Петар Ненадиќ со седум гола, додека по четири гола постигнаа Нилсон и Маргуч. Во составот на ПИК Сегед со седум гола прв стрелец беше Ричард Бодо, а добар на голот беше Миклер кој имаше десет одбрани. Во финалето Веспрем ќе игра против Веспреми ККФТ кој го совлада Будакалаш во првото полуфинале со 30:27. Финалето се игра во недела со почеток од 20 часот, додека ПИК Сегед ќе играат за трето место од 17:15 часот.