Веспрем убедлив против Чурго, Манасков не беше во состав

Екипата на Веспрем пред патувањето за Задар на Ф4 турнирот од СЕХА лигата денеска одигра натпревар од првенството на Унгарија и го совлада тимот на Чурго со 40:21.

Оваа победа на Веспрем беше oчекувана, а ривалот не успеа да се спротистави така што последниот тест пред турнирот од СЕХА лигата е само доказ дека Веспрем е во одлична форма.

На оваа средба најефикасен беше Мануел Штрлек со 10 гола, додека шест имаше Блаж Благотиншек. Дејан Манасков не беше во составот на овој натпревар така што се очекува да игра многу повеќе на Ф4 турнирот во СЕХА во Задар.

Екипата на Чурго која денеска немаше шанси против Веспрем е предводена од страна на поранешен ракометар на Вардар. Тренер на Чурго е пивотот Алем Тоскиќ.