ШОК за Веспрем пред мечот со Вардар!

Тимот на Веспрем се спаси од срамен пораз на гостувањето кај Балатонфуреди, откако успеа да извлече бод во последната минута и одигра реми 31-31. Гостите губеа со 31-30, Јахија реализираше за реми, а голманот Коралес го запре последниот шут на Балатон.

Во првиот дел Балатонфуреди најчесто водеше со еден или два гола разлика, но во финишот на полувремето по 11-10, имаше црна дупка во нападот на домашните, па Веспрем тоа го искористи.

Избраниците на Момир Илиќ стигнаа до 11-16, а серијата беше инспирирана од крилата Маргуч и Штрлек. Веспрем имаше највисоки плус осум, 13-21, но Топиќ и Родригез реализираа за 15-21 на пауза.

Во вториот дел се чинеше дека Веспрем ја одржуваше разликата до 20-26, а на петнаесетина минути до крај беше 22-27. Балатонфуреди не се откажа и стигна до 26-27. Потоа направи и комплетен пресврт, 31-30, но госите се спасија од срамен пораз.

Најдобри стрелци кај Веспрем беа Маргуч со осум и Штрлек со шест гола, додека Ненадиќ даде пет. Цупара не запре ниту еден удар за цело полувреме, а Коралес имаше само три интервенции во вториот дел.

ПИК Сегед сега е прв на табелата со 37 бода по 19 меча, а Веспрем заостанува со бод помалку на втората позиција. Следен предизвик за Веспрем ќе биде гостувањето кај Вардар во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите на 31 март.