Веспрем против Веспрем за трофеј во Купот

Тимот на Веспрем ќе со бори со Веспрем ККФТ за првиот трофеј оваа натпреварувачка сезона и тоа во Купот на Унгарија.

Двата тима од градот кој има околу 60.000 жители обезбедија место во финалето, откако триумфираа над ПИК Сегед односно Будакалаш, каде што брани македонскиот голман Даниел Ѓорѓески.

Веспрем не одигра на ниво во првиот дел против големиот ривал, но во вториот дел направи комплетен пресврт и славеше со 30-27. Со ист резултат Веспрем ККФТ го елиминира Будакалаш.

Ова е првпат по финалето во 1974 година кога играа Вашаш и Хонвед (од Будимпешта), двата финалисти да бидат од ист град. Мечот за трето место вечерва се игра од 17:15 часот, а финалето е од 20:00 часот. Бранител на титулата е Веспрем.