Веспрем остана без клупската икона

Средниот бек Мате Лекаи, кој долги години го носеше дресот на Веспрем, денеска официјално се збогуваше од унгарскиот гигант.

Лекаи со Веспрем имаше актуелен договор, кој беше со важност до 2023 година, но двете страни одлучија спогодбено да ја прекинат соработката.

Веќе од поодамна во полските медиуми се шпекулира дека Лекаи ќе ги засили редовите на полскиот вицепрвак Висла Плоцк, но сѐ уште не се знае новата дестинација на унгарскиот репрезентативец.

Освен за Веспрем, Лекаи настапуваше и за екипите на ПИК Сегед, Целје и ФТЦ Будимпешта. Со Веспрем освои голем број титули, но немаше среќа да ја освои и титулата во Лигата на шампионите.