Веспрем и официјално со нов тренер – со Момир Илиќ ќе се враќа на победнички патеки

Екипата на Веспрем покрај објавувањето на имињата на ракометарите на кои им даде слободно, како и имињата на оние кои ќе ги заменат денеска го објави и стручниот штаб со што потврди дека Момир Илиќ ќе биде новиот предводник на тимот и тој ќе треба да го врати составот на победничките патеки.

Поранешниот репрезентативец на Србија и ракометар кој мина добар дел од кариерата во тимовите на Веспрем и Кил ќе има сериозен предизвик бидејќи пред него ќе биде поставена цел да го врати тимот на шампионските позиции односно Веспрем да ја врати круната во првенството на Унгарија.

Во стручниот штаб на Илиќ ќе биде уште еден поранешен ракометар на Веспрем, Петер Гулјаш така што тие двајца ќе имаат доста одговорна задача во новата сезона кога ќе има намален број на ѕвезди. Тука е и Арпад Штербик кој ќе продолжи со работа со голманите така што Веспрем продолжува со градењето на тимот кој би требало да носи нови успеси.

Денеска им беше дадено слободно на Борозан, Шишкарев и Маркусен, а од тимот си замина и Тонесен така што клубот остана без неколку искусни ракометари.

Веспрем им даде „шут карта“ на Борозан, Шишкарев, Маркусен…