Веспрем им даде „шут карта“ на Борозан, Шишкарев, Маркусен…

Откако во последната сезона не успеаја да ја освојат титулата во шампионатот нa Унгарија, а не дојдоа ниту до место на завршниот турнир во Лигата на шампионите во тимот на Веспрем се одлучија да направат промени во тимот и им дадоа слободно на тројца ракометари.

„Шут карта“ добија Вуко Борозан, Данил Шишкарев и Николај Маркусен кои не се во плановите на екипата за новата сезона. Тие можат да си побараат нов клуб.

Претходно беше познато дека и Кент Робин Тонесен си заминува така што со ова се комплетира списокот на оние кои нема да бидат дел од тимот на Веспрем во следната сезона.

Веќе се познати имињата на новите ракометари така што на нивното место доаѓаат Марк Бодор (лев бек), Борис Дерњеи (десно крило), Петер Лукач (среден бек) и Зоран Илиќ (десен бек).