Веспрем и натаму непоразен, Лауге со 11 гола ја потопи Висла

Унгарскиот вицепрвак Веспрем ја продолжува низата без пораз во Лигата на шампионите, откако славеше и на гостувањето кај Висла Плоцк со 30-26 во шестото коло.

Данскиот репрезентативец Расмус Лауге со 11 погодоци беше најдобриот стрелец во составот на Момир Илиќ, а одлични партии имаа и Драган Пешмалбек и Петар Ненадиќ со по шест гола.

Веспрем имаше плус три кон средината на првиот дел, 9-6 но упорниот домаќин успеа да се врати во игра и да израмни на 10-10. Сепак на пауза унгарскиот тим водеше со гол разлика, 15-14.

Висла заигра подобро во второто полувреме, Шпанците Перез Арсе и Сердио погодија за плус три, 20-17, но тогаш Веспрем заигра посериозно, Коралес бранеше одлично и гостите направија комплетен пресврт.

Со шест гола по ред, Веспрем се одлепи на 23-20, потоа беше и 25-21 и до крајот само рутински беше доработена задачата. Унгарскиот тим сега има пет победи и едно реми со 11 бодови и се наоѓа на првото место на табелата.