Веспрем и Кил по трофејот на роденденскиот турнир

Тимовите на Веспрем и Кил ќе се борат за трофејот на турнирот што го организира унгарскиот гигант по повод 45 години од постоењето.

Веспрем славеше во полуфиналето против бундеслигашот Фленсбург со 35-31, откако на полувреме имаше плус два, 16-14.

Во второто полуфинале, Кил го победи европскиот вицепрвак Келце со 35-33 и ќе се бори со домаќинот за трофејот од роденденскиот турнир.

Финалето ќе се игра утре од 16:30 часот, додека битката за третото место меѓу Келце и Флеснбург ќе започне од 14:00 часот.