Веспрем има поддршка во Битола, но во „Боро Чурлевски“ врие како во котел (ФОТО)

Ракометарите на Веспрем играат против Еурофарм Работник во рамки на СЕХА лигата во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а на овој дуел имаат поддршка од трибините.

Тимот од Унгарија за кој настапува Дејан Манасков, а за него играат и уште неколку други вардарци, Рожерио Мораеш, Арпад Штербик и Вуко Борозан (освен Бразилецот другите не се Битола) имаат своја поддршка.На трибините има навивачи кои допатуваа од Унгарија така што се тука да им дадат поддршка на момците кои ќе се обидат да се надигруваат со битолчани.

Покрај екс-ракометарите на Вардар кои сега се дел од Веспрем во тимот има и тренери кои се промовираа во „црвено-црниот“ табор. Тренер на Веспрем е некогашниот помошник на Раул Гонзалес, Давид Дејвис, додека како кондициски тренер работи Марија Лојаница.

Сепак, малубројните фанови на Веспрем во првиот дел од средбата се надвикани од страна на битолчани така што засега не се гледа многу помошта од фановите од Унгарија.