Веспрем го освои Сегедин, сега е во пол-позиција за титула!

Ракометарите на Веспрем по трумфот во Купот на Унгарија, имаат уште една причина за радост и славење. Избраниците на Момир Илиќ славеа против ПИК Сегед на гостински терен со 29-27 и го преземаа лидерското место на табелата на пет кола до крајот.

Веспрем сега има 42 бода, а ПИК Сегед 41 но и меч помалку. Сепак јасно е дека овие две екипи ќе завршат на првата и втората позиција на табелата, но првото место носи привилегија вториот меч од финалниот плеј-оф да се игра на домашен терен.

Во првиот дел ПИК Сегед диктираше темпо и имаше контрола на резултатот, водеше со три гола разлика, но до паузата Веспрем стигна до 16-16.

Во финишот на мечот Веспрем имаше сигурно водство 23-27, сепак домашните се вратија и израмнија на 27-27. Сепак кога беше најпотребно, голманот Цупара запре два пенали, неговите соиграчи реализираа во нападот и победата ја однесе Веспрем.

Цупара имаше 15 интервенции, додека најрасположени во нападот беа Јахија со шест и Лауге со пет погодоци. Кај ПИК Сегед, Миклер имаше десет одбрани, а седум гола даде Фримел.