Веспрем го задржува костурот на тимот – Лауге го продолжи договорот до 2024 година

Данскиот репрезентативец Расмус Лауге Шмир ќе биде дел од унгарскиот гигант Веспрем и во наредните три сезони.

Неговиот актуелен договор истекуваше ова лето, но иако е повреден и ќе ја пропушти оваа сезона, сепак Веспрем верува во него и соработката беше продолжена до 2024 година.

Тој досега одигра 53 натпревари за Веспрем и постигна 159 погодоци. По повредата на мечот со Кил мораше на операција и сега трае процесот на рехабилитација.

Би требало да биде подготвен за настап на Олимписките игри во Токио, како и за сите предизвици во новата сезона.

Веспрем вчера ја продолжи соработката и со десниот бек Омар Јахија, а од претходно со Маргуч, Благотиншек и Ненадиќ, па костурот на тимот останува и во наредните сезони.