Веспрем во последната минута го скрши Мешков Брест за трофеј на „Купот на пријателството“

Тимот на Веспрем е победник на пријателскиот турнир „Куп на пријателството“ што изминативе два дена се одржуваше во турскиот град Сакарија.

Унгарскиот првак во финалниот натпревар по голема борба го совлада составот на Мешков Брест со 32-31.

Белорускиот тим има за што да жали на оваа средба, бидејќи на полувремето водеше со три гола разлика, 18-15.

Во последната минута се влезе со реми, 31-31, а нападот на Веспрем заврши со победнички погодок од пенал на Вајлупов.

За Мешков Брест останаа уште триесетина секунди за напад, но избраниците на Едуард Кокшаров не успеаја да погодат и победата остана за Веспрем.