Веспрем без проблеми со Татран, обезбеди место на Ф4 во Задар!

Унгарскиот вицепрвак Веспрем е првиот учесник на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига во Задар.

Избраниците на Момир Илиќ го совладаа словачкиот шампион Татран Прешов со убедливи 35-25, иако во првиот дел гостите успеваа да парираат кога беше само плус три за Веспрем, 18-15.

Најдобри стрелци кај Веспрем беа новото засилување Елисон со седум гол, а пикерите Нилсон и Пешмалбек искомбинираа 11 погодоци. Кај Татран се истакна Марко Антл со девет погодоци, додека Марко Давидовиќ постигна четири.

Словаците продолжуваат за Македонија, каде ќе бидат дел од Струшкиот турнир, додека Веспрем го очекува настап на турнир во Татабања.

Веспрем во полуфиналето на Ф4 во СЕХА ќе го чека подобориот од пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и Брест Мешков.