ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ – Палестина постигна само еден погодок за цел натпревар!

На Азиското првенство во женска конкуренција, кое служи и како квалификации за СП во Шпанија, беше постигнат резултат кој е за рубриката „верувале или не“.

Селекцијата на Јапонија славеше против Палестина со 55 голови разлика, 56-1, откако на полувремето беше 29-0.

Резултатот во еден момент беше 33-0, пред ракометарките од Палестина да го постигнат единствениот гол на мечот.

Палестина со Сирија беа повикани да играат на Азиското првенство, откако се откажаа Индија и Авганистан, но далеку се од можност да парираат на најдобрите од овој континент.

Катар се откажа од шампионатот, па на Азиското првенство има само 11 селекции, и од оваа ситуација треба да профитира Македонија и да се пласира на СП како прва европска резерва.

За таа одлука сепак ќе почекаме официјална потврда, бидејќи ИХФ треба да и додели на Азија само пет мундијалски билети, место претходно најавените шест.