Велешани лесно до три бода кај Риниа

На средбата меѓу Риниа М и ГРК Борец гостите од Велес лесно дојдоа до победа од 36:22 со што се изборија за нови бодови со кои останаа високо во плеј-аутот од Првата машка лига.

Борец беше подобриот ривал на овој дуел и беше во водство од почетокот на средбата. И двете екипи беа со половични состави. Риниа настапи со осум, а Борец со десет ракометари, но и во таква ситуација беа видени 58 гола.

Најефикасен во побендичкиот состав беше Кирил Миленков со 13 гола, а Александар Ристевски имаше пет. Во составот на Риниа М, Ахмедјасин Исмаили реализираше деветпати, додека Марко Митревски заврши со осум гола.