Векиќ доби друштво од Вардар во Луцерн

Поранешниот ракометар на Вардар, Домен Сикошек Пелко во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик. Ракометарот од Словенија официјално беше промовиран во швајцарскиот клуб, Криенс Луцерн.

Екипата на Криенс Луцерн состави квалитетен тим со кој ќе може да атакува на првата позиција во домашниот шампионат за новата сезона.

Пелко во вардаровиот дрес настапуваше во сезона 2019/2020. По кратката авантура во Вардар го носеше дресот на Фленсбург и Ла Риоха. Својата кариера ја започна во Тримо Требње и пред да се пресели во Вардар настапуваше за австриската екипа Брук.

Раководството на клубот пред неколку месеци го ангажираше и довчерашниот ракометар на Вардар, Јосип Векиќ.