“Вардар ќе биде 40% посилен следната сезона” (ФОТО)

Претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, го соопшти ростерот на тимот за следната сезона.

Тој се уште не е затворен, во меѓувреме ќе има уште неколку нови засилувања, кои ќе ги пополнат дефицитарните позиции.

“Вардар следната сезона засилен со Веселин Вујовиќ и со новите играчи ќе биде посилен за 40%”, вели Михајловски.

Од Работнички во првиот состав ќе се вратат Стефан Крстевски, Давид Савревски, Ален Ќосевски и Васил Гогов.

Михајловски го потврди договорот и со францускиот интернационалец Жереми Тото, кој го најави 24Ракомет уште пред дваесетина дена.