Вардар против Металург в среда со нови тренери, дебитираат Дејвис и Котевски

Од среда стартуваат средбите од вториот дел од сезоната во Супер машката лига, а до крајот на месецот треба да биде комплетиран регуларниот дел на шампионатот после кој ќе се знаат составите кои ќе играат во плеј-офот и во плеј-аутот.

В среда се играат пет од средбите од 17. коло на кои се очекува деби на новиот тренер на Вардар, Давид Дејвис. Тој доби можност првиот натпревар да го има во Автокоманда против екипата на Металург, која исто така има нов тренер. Ќе дебитира и Игор Котевски така што ова ќе биде интересна средба од тренерски агол.

Следуваат нови интересни средби, а кои се термините за 17. коло и кои се официјалните лица можете да видите во продолжение.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 17. КОЛО

СРЕДА, 2 ФЕВРУАРИ

17:00ч

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СКОПЈЕ 2020

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветаноски од Прилеп.

18:00ч

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ

Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.

18:30ч

ПРОЛЕТ – СТРУГА

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

19:00ч

ПРИЛЕП – ГРК ТИКВЕШ

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ЧЕТВРТОК, 3 ФЕВРУАРИ

18:00ч

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515