Вардар потврди: Јагуриновски и Аларов доаѓаат СЕГА во Вардар

Наместо во јуни како што претходно беше планирано, двете засилувања на Вардар, Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов ќе го облечат дресот веќе сега во јануари и ќе играат во пролетниот дел од сезоната. Управата на Вардар потврди дека се договорил со скопскиот суперлигаш Пролет каде досега играа двајцата ракометари да се преселат во СЦ „Јане Сандански“ и да му помогнат на тимот во одбрана на двојната титула.

Двајцата ракометари требаше да дојдат во Вардар од јуни, и да останат две сезони. Сега порано ќе го облечат шампионскиот дрес на „црвено-црните“ и ќе имаат шанса побрзо да се вклопат во играта на Вардар.

Јауриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, и тој е дете кое потенува од школата на клубот. По една полусезона мината на Исланд се врати во Македонија, а од следната сезона пак ќе биде дел од Вардар. Игра на позиција на десен бек, а по потреба може и да игра како десно крило. Леворакиот играч веќе е стандарден дел од репрезентацијата на Македонија и со своите игри покажува дека е зрел играч.

Михаил Аларов важи за еден од перспективните пивотмени во првенството. Неколку сезони игра стандардно и заслужува да биде дел од најдобрите. Се наоѓа на поширокиот список за репрезентацијата на Македонија и сериозно се наметнува за во иднина. Тој ќе биде колега на Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски и Стојанче Стоилов со што сигурно Вардар ќе ја има најквалитетните пивотменска позиција во првенството