Вардар останува без Хрватот – Анте Кудуз се враќа во Динамо Букурешт!

Македонскиот првак Вардар на полусезооната останува без едно од летните засилувања, бидејќи хрватскиот лев бек Анте Кудуз заминува од клубот.

Кудуз повторно ќе го облече дресот на романскиот шампион Динамо Букурешт, каде што играше пред да се пресели во Скопје. Хрватот потпиша договор на две и пол години.

Таму ќе ја зголеми конкуренцијата на левата бековска позиција каде што игра уште еден екс вардарец, Кристијан Дисингер, како и Бразилецот Раул Нантес, плус Романците Роберт Милитару и Дан Ракоцеа.

Кудуз тргна добро на почетокот на сезоната, потоа се мачеше со повреди и не можеше да го покаже сиот потенцијал.

На последните неколку меча во Лигата на шампионите успеа да го крене нивото, но очигледно тоа не беше доволно да го продолжи престојот во Скопје.