Вардар ослабен – без Ристовски и Јотиќ против Елверум (ФОТО)

Ракометарите на Вардар вечерва ќе го одиграат вториот натпревар против норвешкиот првак Елверум.

Стратегот Стевче Алушовски и на овој дуел нема да смета на повредениот Борко Ристовски и на Ловро Јотиќ, како и на Марко Мишевски.

Иако овој дуел требаше да се игра во Норвешка, сепак поради строгите ковид протоколите во скандинавската земја, се игра во Скопје.

Натпреварот започнува од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, а ќе го судат Хрватите Губица и Милошевиќ, додека делегат е Марјан Начевски.