„Вардар не може да биде Вардар без Македонци во тимот“ (ВИДЕО)

Во новата сезона во Вардар ќе играат ракометари од поголем број на земји, а ова ќе биде голем предизвик и за тренерот Вујовиќ за да го вклопи тимот во кој ќе има ракометари кои ќе треба да се снајдат во новиот стил на игра.

Секако тој е препознатлив по фактот што секогаш им дава шанса на сите 16 кои се во составот и од нив бара максимум на теренот така што сигурно ќе биде така и во новата сезона.

„Вардар не може да биде Вардар без македонски играчи. Сепак, македонските играчи не можат да очекуваат дека ќе играат затоа што се Македонци. За македонскиот ракомет, и за мене како тренер ќе биде добро кога ќе извлечеме некој играч на површина. Сигурно ќе има простор за сите. Јас сум таков човек и тренер и сигурно на сите ќе им дадам шанса. Сепак, од нив зависи колку ќе ја искористат“, рече Вујовиќ.