Вардар Неготино убедлив против Куманово

Ракометарите на Вардар Неготино остварија убедлив триумф на домашен терен над составот на Куманово во прволигашкиот плеј-оф, 28-21.

Иако одамна ги загубија шансите за првите две позиции на табелата и одиграа без повредените Митевски и Минов, сепак неготинци одиграа одличен натпревар против кумановци.

По 7-4 на средината на првиот дел, неготинци погодија пет пати по ред за 12-4. Победникот беше решен уште по првиот дел, кога домашните имаа предност од плус седум, 14-7.

Вториот дел беше само формалност и рутинско одработување на задачата за конечен триумф од седум гола, 28-21.

Најдобри стрелци кај Вардар Неготино беа Ташев со седум и Кузманов со шест погодоци, додека кај Куманово се истакна Миладиновски со десет гола.