Вардар Неготино убедлив кај Шампион

Ракометарите на Вардар Неготино стартуваа со убедлива победа во новата сезона од Првата лига.

Избраниците на Аце Станковски доминираа на гостувањето кај Шампион и славеа со 14 погодоци, 22-36.

Во првите дваесетина минути се играше најчесто гол за гол до 8-8, а потоа неготинци искористија неколку грешки на ривалот и обезбедија плус четири, 8-12. До крајот на полувремето беше 11-17.

Во второто полувреме уште подоминантна игра на гостинскиот тим, па Шампион немаше сили за камбек во натпреварот.

Во следното коло, Вардар Неготино ќе се сретне дома со Јехона, додека Шампион го чека тешко гостување кај Драчево.

ШАМПИОН – ВАРДАР НЕГОТИНО         22:36 (11:17)

Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

ШАМПИОН: Канг, Апостоловски 4, Мојсовски 3, Велјановски 6, Мирчески, Манојлоски, дебрешлиоски, Сибиносвски 1, Кочаров, Сотировски, Жупаноски 3, Иванов, Мајстороски 3, Трајковски, Миловановиќ 2.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 10 мин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Ангелов, Недев, Петров 8, Ташев 8, Митевски 1, Орешков, Кузманов, Кочаров 4, Трпески 1, Јовановски, Ѓорѓев, Ицев, Трпески, Трајкоски 6, Пеовски 8.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 10 мин.