Вардар Неготино се екипира – се враќаат Стаменов и Мицев

Тимот на Вардар Неготино ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во која ќе го чекаат настапи во Купот на Македонија и плеј-офот од Првата лига.

Во неготинската екипа се враќаат дефанзивецот Виктор Стаменов и голманот Александар Мицев, кој по настапите за Радовиш и Тиквеш, повторно ќе брани во матичниот клуб.

Вардар Неготино е еден од фаворитите за првата позиција кој носи бараж за Суперлига, но ќе има голема конкуренција.

Тука се Скопје, потоа Аеродром, Драчево, Металург РА, Шампион, Јехона и Куманово, па сигурно борбата за баражот ќе биде многу интересна. Дуелите од плеј-офот би требало да стартуваат на почетокот на март.