Вардар Неготино се екипира – потпишаа голман и среден бек

Откако се засили со левото крило Костадин Петров и средниот бек Стефан Трајкоски, прволигашот Вардар Неготино донесе уште двајца нови играчи.

Станува збор за младиот чувар на мрежата Кире Петров и организаторот на играта Стефан Кочаров.

Голманот досега беше дел од Тиквеш и по пивотменот Пеовски и крилото Петров ќе биде третиот кавадарчанец во неготинскиот тим.

Кочаров доаѓа од Шампион Скопје, а претходно настапуваше и за Работнички, и заедно со Трајкоски и Кузманов ќе бидат триото плејмејкери.

Претходно Вардар Неготино се засили со некогашниот репрезентативец на Македонија, Петар Ангелов.