Последниот патник се решава во Велес – Вардар Неготино и Драчево по суперлигашки билет!

Екипата на Вардар Неготино, која заврши на 6. позиција во плеј-аут фазата во Супер лигата, ќе игра бараж дуел за опстанок против Драчево в недела, клуб кој заврши на трето место во прволигашкиот плеј-оф.

Овие две екипи ќе играат на неутрален терен во Велес, односно во спортската сала “Гемиџии”, така што се очекува двете екипи да имаат поддршка од трибините.

Доколку Вардар Неготино обезбеди евентуален опстанок, тогаш во новата сезона во елитата ќе има само две екипи од Првата лига, со оглед на тоа дека директен пласман обезбедија Мулти Есенс и Аеродром.

Суперлигашкиот дуел меѓу Вардар Неготино и Драчево ќе се одигра со почеток од 18:00 часот, по што ќе бидат познати сите учесници во суперлигашката конкуренција за следната сезона.