Вардар Неготино донесе нов голман – потпиша Мартин Божиновски

Тимот на Вардар Неготино е се уште активен на трансфер пазарот пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

По средниот бек Борис Ристовски, како и камбекот на Кузманов и Стаменов, неготинци ги засилија редовите и со чувар на мрежата.

Станува збор за Мартин Божиновски, кој досега играше во тимот на Металург РА, а претходно бранеше и за Рудар Пробиштип.

Вардар Неготино в среда треба да го игра дуелот од Купот на Македонија против Еурофарм Пелистер, додека следниот викенд го почнува настапот во плеј-офот од Првата лига.