Вардар Неготино донесе голман со искуство од Германија, Исланд, Србија…

Тимот на Вардар Неготино ja засилува и голманската позиција пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

Нов чувар на мрежата на тимот предводен од Игор Котевски ќе биде српскиот интернационалец Лазар Миниќ.

Неготинци останаа без голманскиот двоец од минатата сезона – искусниот Петар Ангелов и Даниел Ацев, па мораа да реагираат веднаш со ангажман на нов голман.

Миниќ кариерата ја започна во Јагодина, во Србија играше за Партизан, Велика Плана, Пожаревац, а потоа ја започна интернационалната кариера.

Настапуваше за германскиот третолигаш Хошдорф, потоа за исландскиот Хафнарфјордур, како и за кипарскиот Парнасос Строволу.

Пред 29-годишниот голман, Вардар Неготино го ангажираше и десното крило Александар Кериќ, како и Христијан Крстаноски.