Вардар Неготино го совлада Радовиш во пријателски натпревар

Екипите на Радовиш и Вардар Неготино го одиграа вториот меѓусебен пријателски натпревар, кој заврши со победа на тимот од Неготино, со резултат 23:22 (12:13), На првиот контролен натпревар меѓу двете екипи, победа оствари составот на Радовиш со 11 гола разлика, 34:23.

Најефикасни во редовите на Вардар Неготино беа Ѓорѓи Ташев со шест и Петар Пеовски со пет погодоци. Голманите на Вардар Неготино, Александар Мицев и Даниел Ацев имаа вкупно 16 интервенции.

Кај Радовиш се истакнаа Јакша Вјештица со седум погодоци, додека Здравко Постолов и Томче Трајчевски постигнаа четири гола во мрежата на домашниот тим. Младиот голман, Кристијан Костадиновски повторно имаше солидна партија меѓу стативите, натпреварот го заврши со десет интервенции, а Славјан Паунов забележа шест одбрани.

Вардар Неготино, кој по пауза од повеќе 20 години, обезбеди камбек во македонската елита, ќе игра во групата А со Вардар, Бутел Скопје, Струга, Охрид, Алкалоид, Прилеп и Куманово.

Радовиш во Суперлигата ќе игра во групата Б заедно со Еурофарм Пелистер, Скопје, Голден Арт, Тиквеш, Јуниор КВ, Еурофарм Пелистер 2 и Пролет.