Вардар Неготино го затвори списокот на прволигашкиот плеј-оф

Екипата на Вардар Неготино дојде до победа од 39:31 против Партизан во заостанатиот натпревар од Групата Б во Првата машка лига.

Вардар Неготино од првата минута тргна сигурно. Ракометарките на Партизан успеаја да израмнат на 3:3, но потоа неготинци одново тргнаа посилно и почнаа од минута во минута да ја зголемуваат предноста. Стигнаа до осум гола позитива, a таа разлика стигна до осум гола, 21:13.

Во вториот дел требаше само да се контролира водството кое постојано беше 7-8 гола и немаше никаков проблем за да се издржи во тој ритам.

Таквата игра допринесе за до крајот од натпреварот да нема никаков проблем за да се зачува предноста и да се дојде до победа од 39:31.

Со овие бодови тимот на Вардар Неготино веќе го реши својот пласман во плеј-оф лигата напролет и го затвори списокот на тимови кои ќе разигруваат за пласман во Супер машката лига. Остана уште еден натпревар против Делчево Вардар, но тој нема да измени ништо и веќе е сè јасно.

ВАРДАР НЕГОТИНО – ПАРТИЗАН       39:31 (21:13)

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Димовски, Вељанов 6, Јефремов, Недев, Бој. Трпески 1, Бор. Трпески, Стојанов 4, Грозданов 5, Пеовски 13, Митевски 3, Најдов, Ташев 5, Ѓорѓев, Орешков 2.

Седмерци: 0/2, Исклучувања: 2 мин.

ПАРТИЗАН: Костадинов, Димитров, Љатев, Маренчев 1, Ангов 1, Т. Узунчев 14, Кимов 1, Р. Узунчев 1, Вегов 3, Велев 1, Д. Узунчев 4, Динев, Џалев 1, Ангелов 1, Јанев 3.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 4 мин.