Вардар, Металург и Чаир со лесни ривали, Деспина патува во Скандинавија

Четири македонски тимови ги добија своите ривали во второто коло од Европскиот Куп во женска конкуренција.

Tимот на Вардар мина лесно во ждрепката и ќе се соочи со составот на Приштина од Косово. Нема далечно патување плус лесен ривал во однос на другите можни противници.

Металург исто така доби ривал што може да се мине, а станува збор за тимот Дуделанж од Луксембург. Чаир ќе се соочи со шампионот на Фарски Острови, Х 71.

За разлика од Вардар, Металург и Чаир, Деспина Прилеп доби еден од најтешките ривали и ќе игра двомеч со шведската екипа Скара.

Првите натпревари ќе се играат на 16/17 октомври, додека реваншите се на програмата за седум дена.