Вардар и Пик Сегед, најдобри после три кола во ЛШ, единствени се без пораз

Екипите на Вардар и Пик Сегед се единствените кои после три одиграни кола во Лигата на шампионите немаат пораз. Тие преживеаја и после третото коло, но и двете имаат по пет поени бидејќи имаат реми.

Со оглед на тоа што и двата тима се во иста група, единственото кое ги разделува е гол разликата. Сепак, според она што го прикажаа на трите натпревари од стартот на сезоната заслужено се на врвот.

Иако ритамот на одигрување на натпреварите е тежок односно се игра постојано среда-сабота, сепак, засега „црвено-црните“ одговараат одлично на овој момент. Успеваат да дојдат до бодови кои се потребни и чекорат сигурно.

Ако се земе предвид дека на првиот натпревар против Елверум екипата на Вардар можеше и до триумф малку беше потребно за сега да се имаат максимални шест бода.

Сепак, кога ќе се види дека во Групата Б нема ниту еден тим со повеќе од четири бода, а во Групата А, само Вардар и Пик Сегед имаат пет јасно е дека во оваа сезона тимовите влегоа многу израмнето.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – МАЖИ (ПОСЛЕ 3. КОЛО)

ГРУПА А – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140

ГРУПА Б – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140