Вардар и Металург на тест средба во Скопје

Вардар и Металург нема да се сретнат на 48. издание Струшкиот турнир, но ќе одиграат пријателска средба пред стартот на новата сезона.

Скопските екипи се разминаа во групите во Струга, сепак тренерите Алушовски и Кастратовиќ, како и во јануари повторно ќе имаат можност да ги проверат новите засилувања.

Натпреварот би требало да се одигра на 21 август, а тоа веројатно ќе биде последна проверка за вардарци пред реванш дуелот со Нексе од четвртфиналето на СЕХА лигата.

Металург има договорено пријателски натпревар и со КЛ7, па подготвен ќе влезе на првата средба со Спачва Винковци од првото коло на Лигата на Европа.