Вардар и Еурофарм Пелистер стартуваат овој месец во СЕХА, Ф4 за време на „Бели ноќи“

Македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер веќе ги дознаа своите ривали за новата сезона во дивизијата „Југ“ од регионалната СЕХА лига.

Вице претседателот на СЕХА лигата, Борис Сапожњиков, потврди дека натпреварите би требало да стартуваат во втората половина од овој месец, а најверојатно ќе бидат одиграно едно или две кола.

Русинот потврди дека чевртфиналните средби се очекуваат во месец април, додека Ф4 турнирот е планиран за вториот викенд од јуни (10-12) во „Сибур Арена“ во Санкт Петербург.

„Плановите не се менуваат. Од сегашна перспектива нема пречки да се играат чевтртфиналните средби меѓу екипите од дивизиите „Исток“ и „Југ“. Натпреварите во дивизијата „Југ“ започнува во втората половина на декември, а групите се веќе познати. Наскоро ќе бидат познати деталите, остануваат уште некои технички работи. Четвртфиналните натпревари би требало да се играат во април догодина. Планот за завршен турнир во Санкт Петербург исто така останува, најверојатно би било тоа во вториот викенд од месец јуни“, изјави Сапожњиков.

Сапожњиков во изјава за „Брз Центар“ откри дека посакуваат одржувањето на Ф4 во Санкт Петербург да го поврзат со одржувањето на манифестацијата „Бели Ноќи“. Тогаш сонцето во овој руски град заоѓа само на неколку часа, а всушност цела ноќ не паѓа мрак.

Вардар ќе биде во групата со Загреб, Партизан и Татран Прешов, додека Еурофарм Пелистер ќе игра со Веспрем, Нексе и Војводина.

Вардар и Еурофарм Пелистер во дивизија „Југ“ во СЕХА, познат е изгледот на групите!