Вардар е речиси комплетен, ги претстави и Јотиќ и Јагуриновски (ФОТО)

Шампионот на Македонија и уште актуелен освојувач на Лигата на шампионите, Вардар претстави уште две нови имиња за новата сезона, а се работи за два бека кои доаѓаат во клубот во новата сезона.

Томислав Јагуриновски доаѓа како засилување за позицијата десен бек од редовите на Металург. Тој е репрентативец на Македонија кој ги мина сите младински селекции, па претставува иднина на македонскиот ракомет.

Ловро Јотиќ, кој после играњето за Еурофарм Пелистер планираше да се пресели во Бенфика во Португалија, одлучи да дојде во Вардар. Тој ќе биде засилување за позицијата среден бек и ќе биде освежување за „црвено-црните“.

Ова е финиширање од претставувањето на новите ракометари, а веќе в сабота стартуваат и подготовките за новата сезона.