Вардар е минато за Кантегрел, Французинот потпиша договор со Тулуз!

Францускиот чувар на мрежата на Вардар, Робен Кантегрел, по само една сезона заминува од Скопје.

Тој се враќа во татковината и ќе го брани голот на тимот на Тулуз, кој оваа сезона играше во Лигата на Европа.

Кантегрел се обврза на двегодишна верност со клубот што од идната сезона ќе има нов тренер, Данијел Анѓелковиќ.

Францускиот голман иако дојде со големи амбиции во Вардар, не доби голема шанса да ги покаже своите квалитети и побара да му биде раскинат договорот.