Вардар е меѓу најдобрите 25 клуба на сите времиња во Европа

Според резултатите кои биле постигнати во европските натпреварувања од 1956 година до 2019 година, но меѓу екипите кои стигнале најмалку до полуфинале екипата на Вардар се наоѓа на делба на 22 место заедно со тимот на Бјеловар.

Вардар има вкупно 26,25 поени кои се добиени од двете титули од Лигата на шампионите, едното полуфинале во ЛШ и трите полуфиналиња во Купот на победниците на Куповите.

За титулите во ЛШ се добиени вкупно 20 поени (по 10 за титула), додека полуфиналето од 2018 година донесе 2,5 бода. Трите полуфиналиња во КПК, пак, носат 3,75 поени бидејќи секое полуфинале се бодува со по 1,25 бода.

На ранг листата се н аоѓа и екипата на Еурофарм Пелистер. Овој тим ги има резултатите од Пелистер од минатото. Добро е познато дека битолчани играа полуфинале во КПК и од него имаат 1,25 бода, но и финале во Челенџ купот кое носи исто така 1,25 бода. Со вкупно 2,5 поени тимот на Еурофарм Пелистер е на делба на 109 место од вкупно 195 рангирани екипи.