„Вардар е институција, но имаме право да се надеваме“

На неполн месец пред почетокот на плејофот во Суперлигата јасно е дека трката за шампионската титула сезонава ќе биде многу интересна.

Бранителот Вардар, главниот предизвикувач Еурофарм Пелистер и Металург, па и останатите суперлигашки тимови, секој ја бара својата шанса.

„Вардар е големо име во ракометниот свет, две титули во ЛШ, тоа доволно говори за нив и имаат свое реноме. Како секој спортист, така и ние имаме право да се надеваме и да веруваме дека можеме да ги победиме. Го покажавме тоа и на турнирот во Струга, а и на пријателските натпревари со нив, и ќе кажам одново, тоа не мора ништо да значи. Но сметам дека имаме квалитет за да може да му парираме на Вардар. Тој е навистина институција и во Македонија и во ракометниот свет, но не гледам причина зошто да не одиме да сè, што би се рекло народно, ’да се истепаме’ па ќе видиме кој ќе биде подобар тој ден, тој ќе победи. Тука е секако и Металург, а не смее да се потценат или изостават и другите клубови, затоа што има неколку добри екипи, а и оваа сезона е многу специфична. Никогаш не се знае во услови на пандемија со каков тим ќе располагаш, кој ќе игра, кој нема и секој секого може да победи во било кое време. Не се сомневам дека ќе биде интересно првенство, сигурно далеку поинтересно од претходните години и ќе видиме како ќе заврши“, вели левиот бек на „фармацевтите“ Стипе Мандалиниќ.

Викенд интервјуто со Мандалиниќ за 24Ракомет погледнете го подолу…

ИНТЕРВЈУ СТИПЕ МАНДАЛИНИЌ: Еурофарм Пелистер е „сите за еден и еден за сите“ – средина која ветува успех