Вардар држи чекор со елитата, има место во Топ 10 во Европа (ФОТО)

Екипата на Вардар останува во елитата според бројот на резултатите при пресметувањето на бројот на победите во 2021 година успеа да се најде на 8. позиција што е доказ за сработеното од 1 јануари до 31 декември.

На 64 средби, Вардар има забележано 41 победа што е 64,06 проценти што е солидна бројка, но е далеку зад бројките кои ги има Барселона. Каталонците кои се на првото место имаат 57 победи од 63 одиграни натпревари кои даваат процент од 90,48.

Само три екипи имаат над 50 победи, а зад Барселона се Магдебург и Кил.

На фотографијата во продолжение има вкупно 12 екипи кои имаат минимум 40 победи во 2021 година.