Вардар договори соработка со Хаџиќи од Босна (ФОТО)

Тимот на ЖРК Вардар договори соработка со босанскиот тим Хаџиќи Интерлогистик.

Неџад Турнаџиќ, кој ја извршува функцијата спортски директор во босанскиот клуб беше присутен во Македонија.

Турнаџиќ оствари средба со директорката на ЖРК Вардар и прославена ракометарка, Индира Кастратовиќ. На средбата било договорено и заедничка соработка помеѓу двата клубови.

Веќе при крајот на оваа година, Хаџиќи и Вардар ќе одиграат пријателски натпревари во Скопје.