Вардар двапати против Елверум во „Јане Сандански“

Двете средби меѓу тимовите на Вардар и Елверум во рамки на Лигата на шампионите ќе се одиграат во само четири дена, а место дома-гости, вардарци добиваат можност и двете средби да ги одиграат на домашен терен.

Веќе се закажани и двата дуели така што прво ќе се игра в недела од 16 часот, додека вториот натпревар се игра следната среда (24 февруари). Овој меч е предвидено да почне од 18:45 часот.

Ова ќе биде убава можност вардарци на свој терен да се борат за бодови против Елверум и да се најдат на чекор од повисок пласман.

Како што е познато Елверум не дојде во Скопје есента и побара одлагање, па затоа дури сега овие два дуели ќе се играат и тоа на еден терен. Поради тоа што сите странци кои влегуваат во Норвешка мораат во карантин ова беше најдоброто решение за да може средбите да бидат одиграни.