Вардар го потврди доаѓањето на Жереми Тото (ФОТО)

Покрај Стојанче Стоилов и Патрик Валчак, меѓу триото кружни напаѓачи во Вардар следната сезона ќе биде и француски интернационалец, а овој трансфер го најави 24Ракомет уште пред три недели.

Станува збор за Жереми Тото, кој доаѓа од полската Висла Плоцк, со која играше на завршницата на Лигата на Европа.

Кружниот напаѓач во Полска го имаше првото интернационално искуство. Тој има 29 години (197/106), а потекнува од составот на Кретеј, за кој играше од 2011 до 2017 година. Потоа направи трансфер во Сен Рафаел, а со овој тим беше дел од ЕХФ Купот.