Вардар ги претстави новите засилувања (ФОТО)

Поранешниот шампион на Македонија, Вардар, во новата натпреварувачка сезона 2023/24 ќе има променет состав.

Во тимот на Александар Царчев нови ракометарки се Симона Василева, Тамара Ивановска, Нина Милевска и младите ракометарки Драгана Стојчевска и Сара Симоновска.

Василева редовите на „црвено-црните“ ги засили од актуелниот шампион Ѓорче Петров и се очекува да биде вистинско освежување во вардаровиот табор.

Екс ракометарката на Ѓорче Петров може да одигра на сите бековски позиции, како и на позицијата кружен напаѓач.

Десното крило Тамара Ивановска, која беше прогласена за најдобра на својата позиција во изборот на 24Ракомет, во тимот на Вардар ќе го има вториот предизвик во својата кариера.

Ивановска долго време ги бранеше боите на матичниот Куманово и повеќе пати се најде и на списокот на женската сениорска репрезентација, па Александар Царчев добива големо засилување.

Нина Милевска, Драгана Стојчевска и Сара Симоновска во Вардар доаѓаат од тимот на Кузман Вардар, кој во новата сезона нема да има екипа во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.

Милевска настапува на позицијата лев бек, додека Стојчевска и Симоновска играат на лево крило.

Од Вардар заминаа Ивана Џатевска, Бојана Диневска, Сара Миновска, Јована Трајкоска, Јана Равојска и Наталија Максимовска.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.