Вардар ги исполни барањата на ЕХФ – ќе игра во новата сезона од Лигата на шампионите

Екипата на Вардар ги реши дилемите и дефинитивно ќе игра во новата сезона во Лигата на шампионите. Повеќе нема никакви проблеми да стартува со натпреварите откако беа исполнети условите кои ги имаше поставено ЕХФ откако беа уплатени 1 милион евра како депозит.

Сето ова постави неизвесност околу играњето на Вардар, но последните информации од Вардар се дека работите се средени и дека Вардар ќе нема никаков проблем за да настапи и во новата сезона во Лигта на шампионите. Предвидениот рок беше испочитуван, а од Вардар заедно со ЕХФ најдоа решение за поставените барања. Вардар ги исполни истите со што нема пречки и дилеми околу нашето играње во групната фаза од ЛШ.

Истото известување за исполнување на условите е испратено и до сите екипи во ЕХФ лигата на шампионите.

Во новата сезона Вардар ќе игра директно во групната фаза од ЛШ заедно со екипите на ПИК Сегед, Кил, Алборг, Мешков, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.