Вардар во друг термин ќе гостува кај Раул и Кристопанс

Натпреварот од 6 коло во А групата од Лигата на шампионите против ПСЖ ќе се игра на 28 октомври 2020 година, во среда со почеток во 20:45 часот.

На тој меч Вардар 1961 ќе гостува во Париз. Претходно натпреварот беше закажан за еден ден подоцна, на 29 октомври.

Вардар требаше да го игра својот натпревар од второто коло утре против Елверум, но истиот е одложен.

До патувањето во Париз во 6 коло, Вардар ќе игра и со ПИК Сегед во гости, и ќе има и два домашни натпревари, со Фленсбург (15 октомври) и со Порто (22 октомври).