Вардарци со „БЛАГОДАРИМЕ“ за Талески и Моралес (ФОТО)

Последното коло од македонската ракометна лига за сезоната 2022/2023 го означи и крајот на договорите за неколку ракометари на некогашниот европски првак Вардар. Во последниот дуел од сезоната Вардарци се борат за втората позиција во македонскиот шампионат против директниот конкурент Алкалоид.

Пред почетокот на мечот управата на „црвено-црните“ со подарок-врамени дресови им се заблагодарија на десниот бек, кубанскиот интернационалец Куни Моралес кој заминува во редовите на ППД Загреб, како и на македонскиот репрезентативен лев бек Филип Талески кој кариерата ќе ја продолжи во Бенфика, Португалија.