Вардарци подготвени, го одработија последниот тренинг пред дуелот со Пик Сегед (ФОТО)

Ракометарите на Вардар го одработија последниот тренинг пред утрешниот дуел против Пик Сегед и работеа во Градската сала во која утре ќе биде одигран последниот меѓународен натпревар.

Ова е средба од 7. коло во Групата А на која ќе биде сигурно доста интересно.

Пик Сегед е фаворит на хартија поради тоа што игра историска средба во салата каде што доживеа многу успеси, па затоа останува да се види како ќе се одвиваат работите.

„Црвено-црните“ се подготвени за овој дуел, а утре од 18:45 часот ќе се види кој тим ќе успее да дојде до бодовите.